Играчот на видеоиграта „Фортјант“ Кајл „Буга“ Гирсдорф го освои првото место во поединечна конкуренција на Светското првенство кое заврши вчера. Шеснаесетгодишниот Американец освои 59 поени и освои парична награда од три милиони долари.

Натпреварите се играа викендов во Њујорк на стадионот „Артур Еш“ каде што се одржува познатиот тенискиот гренд слем Ју-Ес опен. Во саботата се играше во двојки и премијата од три милиони долари им припадна на Дејвид В. и Емил Бергквист Педерсен.

Второто место во поединечна конкуренција му припадна на играчот со прекар Псалм, кој освои 33 поени и доби награда од 1,8 милиони долари, а наградата од 1,2 милиони долари му припадна на Екипвејл.

Ова е највисоката награда во историјата на еспортовите, а севкупниот фонд изнесуваше 30 милиони долари.

Во изминатите 10 недели се одржаа квалификации на кои настапија 40 милиони играчи. Пласман во финалето обезбедија најдобрите 100. Повеќе од 30 држави имаа претставник во финалето, во коешто играчите се бореа еден против друг на големи компјутерски екрани.

„Фортнајт“ е една од најпопуларните видеоигри на светот. Се појави пред две години, бесплатно се даунлодира и денес има над 200 милиони играчи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.