За многу апликации сметате дека ќе ви го олеснат животот, а всушност се многу опасни, како и за вашиот уред така и за вашата приватност.

Ова се 7 апликации кои не треба да ги имате во вашиот смартфон:

QuickPic Gallery

Оваа апликација во 2018 година беше избришана од Google Play Store бидејќи е откриено дека префрлаат податоци на корисниците на нивните сервери.

ЕS File Explorer

Oва беше една од најпопуларните апликации на времето, но бидејќи имаше сомнителни огласи и реклами ја отстранија од Play Store

UC Browser

Овој интернер пребарувач беше најпопуларен во Кина и Индија. Не треба да го користите доколку не сакате да ви бидат загрозени вашите лични податоци.

CLEANit

Оваа апликација е наменета да ослободи меморија во вашиот телефон, но прави повеќе штета отколку корист.

DU Battery Saver & Fast Charge
Не постои апликација која може да го забрза времето на полнење на вашиот телефон.

Dolphin Web Browser
Преку оваа апликација може да ве следат на кои локации се движите.

Fildo
Апликација која служи за нелегално преземање на музика од компанијата Netease.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.