Јужнокорејската електронска компанија Самсунг планира да го пресели своето производство на екрани од Кина во Виетнам, објавија во петокот виетнамските медиуми.
Самсунг го гледа Виетнам како важна порта кон другите земји од Југоисточна Азија и алка во нејзиниот глобален ланец на снабдување. Овој потег ќе го натера Виетнам да стане водечки светски снабдувач на екрани на Самсунг, напиша весникот Туои Тре.
Техничкиот гигант во Јужна Кореја е најголем странски инвеститор во југоисточна Азија, со инвестирани повеќе од 17 милијарди долари.
Претходно оваа година, Самсунг го пренесе производството на паметни телефони од матичната земја во Виетнам, како резултат на појава на пандемија на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.