Новата серија Ајфон 12 предизвика помешани чувства, како кај традиционалните корисници на Ејпл, така и кај пошироката јавност. Покрај многу добри работи кој беа презентирани кај новиот модел, можеби најконтроверзен беше фактот што заедно со новиот Ајфон 12, не доаѓа со полнач.

Ејпл ја оправда оваа одлука дека на овој начин наводна нуди подобра заштита на животната средина. Покрај тоа, за време на презентацијата, беше потенцирано дека ефектот од ова отстранување на полначот од пакувањето ќе биде ист како 450.000 автомобили да бидат ставени надвор од употреба за една година.

Ваквата ситуација ја искористи еден од најголемите ривали – Самсунг. Објавија фотографија од полначот на нивната страница на Фејсбук и напишаа: Вашиот нов Галакси обезбедува сè што ви треба. Од основни работи како полнач, до премиум батерија, камера, перформанси и екран од 120Hz.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.