Последниве денови многу мајки пријавуваат дека на многу детски видеа на „Јутјуб“ и „Јутјуб кидс“ се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително. Момо се појавува по кратко време среде видео во „Пепа Прасе“, „Лол дол“, „Фортнајт“ и други.

Едно од видеата е епизода на „Пепа Прасе“, почнува невино, а потоа продолжува изменета верзија, полна со насилство и навредлив јазик.

Во друго видео, Момо се појавува во бела маска која ги тера децата да прават разни опасни задачи, без да им кажат на своите родители, како на пример, да го запалат шпоретот на плин или да најдат и да се напијат таблети.

Измислениот лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на „Ватсап“ или ќе ги убие додека спијат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.