Социјалната мрежа Фејсбук денеска профункционира по вчерашниот најголем пад во историјата. Корисниците сепак сѐ уште имаат проблеми низ целиот свет, јавува Си-ен-ен.

Повеќе од 17 часа траат потешкотиие со користењето на најголемата социјална мрежа. Станува збор за најверојатно најголемиот крах на Фејсбук во историјата на неговото постоење. Денес проблемите се сѐ уште присутни низ светот. Ситуацијата е подобра, но мрежата сѐ уште има проблеми на глобално ниво.

Фејсбук преку Твитер мораше да објаснува што се случило. Не кажаа многу, само истакнаа дека не станува збор за хакерски напад.

Првите проблеми почнаа вчера кога иако Фејсбук се отвораше, многумина пријавија проблеми со постовите.

Проблеми имаше и Инстаграм. Корисниците не можеа да ја рефрешираат првата страница, ниту да објавуваат фотографии. Сепак, утринава Инстаграм соопшти дека проблемите се отстранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.