Патријархот московски и на цела Русија, Кирил рече дека капацитетот за собирање податоци што го имаат уредите како што се паметните телефони може да го доближи човештвото до доаѓање на Антихрист.
Кирил во интервју, што вчера го емитуваше државната телевизија, наведе дека црквата не се спротиставува на технолошкиот напредок, но дека е загрижена бидејќи „некој секогаш може да ја знае вашата точна локација, вашите интереси, од што се плашите…“ и таквите информации можат да бидат искористени за централизирана контрола на светот.
Контролата од една точка е предвидување на доаѓањето на антихристот, ако зборуваме за христијанскиот поглед на нештата. Антихрист е личност, која ќе биде на чело на светската мрежа што ја контролира целата човечка раса, истакна рускиот патријарх.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.