Социјалната мрежа Твитер падна во некои земји, па илјадници корисници ширум светот пријавуваат проблеми што ги имаат кога се најавуваат на нивниот профил преку веб-страница или апликација.

Проблемите ги почувствувале корисници од САД, Велика Британија, Нов Зеланд и некои други земји, објави „Дејли мејл“.  Според последните податоците, жителите на овие земји пријавија проблем до компанијата бидејќи имаа проблеми со пристап до мрежата, но и со прикажување на нови содржини.

Социјалната мрежа ги прикажуваше старите твитови на корисниците.

Технички проблеми беа забележани околу 12:50 часот попладне, а околу 20 часот е забележан голем проблем бидејќи корисниците немаат пристап.

Повеќе од 3000 Американци пријавија проблем околу 12:50, a истото го направија и корисници од Велика Британија, околу 1800 корисници.

Засега не е познато што го предизвикало падот и кога корисниците ќе го вратат пристапот до социјалната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.