Унгарија сака да изгради сосема нов еколошки град на северозападот на земјата. Градот ќе го придвижува обновлива енергија во деловните и станбените објекти, во кои ќе живеат илјадници луѓе.
Идната населба ќе се гради на пловниот појас на Дунав. Проектот Хеѓешалом-Безење вреди милијарда евра.
Според проектот, ќе биде голем колку 500 фудбалски игралишта, со бројни дополнителни содржини, школи, трговски центри, изјавиле з унгарските медиуми изведувачите EON SE и германската фирма за недвижности FAKT AG, пренесува Блумберг.
Градот со неутрална емисија на јаглероддиоксид главно ќе се ослонува на соларна енергија и енергија од биогас, Поради тоа ќе се отворат дури 5000 постојани работни места во стакленици, вели Николаи Улрих, член на управата на Факт АГ.
Кога ќе биде завршен, Хеѓешалом-Безење ќе има околу 1000 куќи, редотани, хотел, железничка станица, трговски објекти, школи… Проектот се темели на одржлива политика на управување со водите, која има цел да се избегне намалувањето на нивото на подземните води, вели тој.
Објектот ќе се грее и лади со геотермални централи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.