Јапонската компанија „Сони“ објави дека следната генерација на познатата конзола за видеоигри, „Плејстејшн 5“ ќе ја пушти во продажба во ноември.
Компанијата објави дека новата конзола ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјвер и 399,99 долари без тој дел.
Уредот ќе се најде на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, а во останатиот дел од светот, ќе биде достапна седум дена подоцна – на 19 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.