Компанијата „Епл“ воведува нова функција кај својот паметен часовник „Воч“ (Watch), а тоа е можност за известување и дојава до надлежните за случени сообраќајни несреќи.

Уште во серијата „4“, беше додадена можноста при несекојдневен пад на корисникот, уредот автоматски сам да ги повика итните служби. Сега „Епл“ сака да создаде слична функција за сообраќајни несреќи.

Новата функција може да се појави веќе во 2022 година, кога ќе биде претставена следната генерација паметни часовници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.