Фејсбук одамна најави дека ќе овозможи нова опција, односно нов изглед – “Dark Mode” (темен режим) за Месинџер, меѓутоа, четири месеци подоцна компанијата сѐ уште не ја објави достапноста на функцијата и како таа може да се активира.
Иако социјалната мрежа официјално не ја објави опцијата, во апликацијата постои една кратенка која им овозможува на корисниците да го активираат темниот изглед.
Темниот режим на Фејсбук Месинџер може да се активира со задржување на емоџито од полумесечина во некој од вашите разговори. Веднаш откако ќе задржите ова емоџи неколку секунди, би требало горе на екранот да ви се појави известување “You Found Dark Mode!”, а под него ќе забележите и опција која овозможува да се активира режимот, со назнака “Turn on in Settings”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.