Сони и Мајкрософт веќе долго време најавуваат 4К конзоли (PlayStation 5 и Xbox Series X), и се чини дека „Nintendo“ наскоро ќе им се придружи во тие напори. Имено, според извори блиски до компанијата, планот за следната година е „исфрлање“ на подобрената „Switch“ конзола.

Единствено што се знае за деталите во моментот е тоа што ќе поддржува 4K резолуција. Ова е само продолжение на серијата додатоци на конзолата на „Nintendo“ кои започнаа со додавање на посилна батерија и продолжија со воведувањето на верзијата „Switch Lite“. Се верува дека конзолата ќе продолжи да се заснова на процесорот „Nvidia Tegra“, како и да има 4 GB RAM меморија.

Со оглед дека оригиналниот „Switch“ и „Switch Lite“ е тешко да се најдат во продавниците затоа што тие распродаваат веднаш, воведувањето нова конзола може да нема смисла. Сепак, „Nintendo“ мора да се справи со своите главни конкуренти и да обезбеди ултра-реално искуство во играњето, доколку сака да ја задржи својата позиција во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.