Плановите на НАСА за вселенска прошетка составена само од жени пропадна – барем делумно поради тоа што агенцијата нема доволно вселенски костими што одговараат за астронаутките.

Во почетокот на овој месец НАСА објави дека Кристина Коук и Ен Меклејн на 29 март ќе учествуваат во првата таква мисија, излегување од Меѓународната вселенска станица (ИСС) на прошетка за да се инсталираат нови батерии. Во минатото таквите мисии беа составени или само од мажи или од мажи и жени.

Но во соопштението во понеделникот НАСА рече дека нејзините планови се промениле, „делумно“ поради недостиг од облека.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.