Една нова студија сугерира дека биометриската технологија за следење на овој паметен прстен може да открие болести како што е Ковид-19

Оваа година, на најпосакуваниот прстен во моментот нема дијаманти, но може да ви каже дали имате коронавирус. Прстенот Oura, може да ви помогне да ги следите циклусите на спиење, користи напредна технологија на сензори за да ви даде точен и персонализиран увид во здравјето на вашето тело со помош на мобилна апликација. Како и другите паметни уреди за фитнес, прстенот може да ја следи вашата температура, варијабилноста на срцевиот ритам и ефикасноста на спиењето, додека новата студија и докажува дека може исто така да открие Covid-19 во најраните фази на инфекција.

Минатата година, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија го испитаа овој прстен со скоро 3.400 работници на брзата помош. Студијата истражувала дали податоците, како што е телесната температура, заедно со секојдневното испитување на симптомите, можат да помогнат да се открие вирусот во неговите најрани фази.

Конечниот извештај, презентиран на 14 декември, откри дека постојаното следење на телесната температура со помош на паметен прстен може да открие болести како што е Ковид-19, дури и во случаи кога болеста сè уште не ги покажала своите вистински симптоми. Истражувачите велат дека висока температура е откриена кај 38 од 50 учесници во студијата, кога другите симптоми не биле забележливи. Сепак, сè уште не е јасно колку ефикасно прстенот може да открие асимптоматски случаи на инфекција со Ковид-19 – бројот на учесници беше премал за такво истражување, но истражувачите велат дека се охрабрени од податоците дека нивниот прстен може да ја открие болеста дури и кога симптомите се вистински.

„Овој уред, кој може да биде подобар показател за заболување од термометар, може да доведе до претходна изолација и тестирање, намалувајќи го ширењето на оваа заразна болест“, се вели во официјалното соопштение. Изненадувачки, овој прстен од 300 долари стана главниот избор на професионални спортисти и други луѓе посветени на нивната кондиција и здравје.

Прстенот Оура Ринг доби бројни реклами од познати личности – сите, од принцот Хари до Ленс Армстронг, се видени со прстен на раката, а повеќе од 300.000 примероци се продадени ширум светот. Прстенот нема да ви испрати известување доколку сте заразени со вирусот Ковид-19, но ќе ве извести дека состојбата не е нормална, што може да укаже на болест.

На крајот, можеме да кажеме дека самиот прстен е направен од лесен титаниум, и е отпорен на гребнатини и вода. Достапен е во четири различни варијанти, вклучувајќи класично сребро и декадентно злато.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.