„Старк Солушн“ со седиште во Мостар, БиХ направи своја верзија на „Сајбертрак“ на производителот „Тесла“, сопственост на милијардерот Илон Маск, пренесува Н1.
Половина од луѓето гледнаа зачудено, половина мислеа дека правивме резервоар, бидејќи луѓето не знаат што е Сајбертрак. Една девојка не запре со автомобилот и праша дали тука се произведува „Сајбертрак“, ние одговоривме да, рече Марио Чориќ, директор на „Старк Солушнс“.
Тој објасни дека нивната верзија не е идентична реплика, бидејќи моделот на Тесла користи електрична енергија, додека нивниот производ користи бензин како гориво.
Нивното прво возење низ Мостар предизвика големо внимание, а како што рекоа – направија автомобил со „две души во една“. За производство им биле потребни осум месеци, иако биле планирани четири, но поради пандемијата со корона вирусот, биле принудени да ги одложат.
Следната мисија на „Старк Солушнс“ е да го регистрираат ова возило во БиХ, но поради тоа тие имаат одредени проблеми, бидејќи законите на БиХ не дозволуваат автомобили со остри рабови, па затоа ќе мора да направат некои измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.