Се поголема е листат ана технолошки компании кои ги шпионираат своите корисници преку апликации, уреди или профили, а од неодамна на листата се впиша и Епл со уредот Сири, виртуелен асистент.

Сири, вредна каква што е, забележува аудиозаписи од сексулани односи, договори со дилери, непријатни медицински информации и други приватни и многу интимни дејства без знање на корисникот и им ги испраќа на оценители, луѓе, открива таен извор, свиркач за The Guardian.

Аудиозаписите што ги снима Сири им се испраќаат на луѓе чијашто работа е да ја оценуваат работата на програмата за вештачка интелигенција според квалитетот на одговорот – било да е активацијата намерна или ненамерна, тврди анонимниот извор кој разговарал со британскиот весник.

Според него, случајните активации се многу посечсти отколку што прикажува Епл, особено кај корисниците на Епл воч.

Откопчувањето на шлицот го активира Сири

(фото: Profimedia)

Има безброј случаи на снимања на приватни разговори меѓу лекар и панциент, на деловни договори или пак криминални договори, сексуални чинови и слично. Со тие снимки доаѓаат и податоци за корисникот, во кои се гледа неговата локација, контактот, тврди свиркачот.

Епл користи соработници под договор, што значи дека не се директно вработени во Епл. Иако никаде експлицитно не ги наведува човечкиот фактор и улога во развивањето на вештачката интелигенција, принзнаваат дека „мал дел од Сири бара анализа за да се подобри Сири диктатот“. Компанијата настојува на тоа дека се работи за помалку од еден посто од сите дневни активации и дека снимките се долги од една до неколку секунди.

Загрижувачки е што Сири, вели свиркачот, се активира кога мисли дека „слушнала збор за активација“, а тоа може да се искористи против луѓето кои случајно се снимени.

Можеби звучи како лош виц, но Сири се активира на звукот на патентот на шлицот, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.