Руски научници спуштија еден од најголемите светски подводни вселенски телескопи во Бајкалското Езеро, за да можат да ги проучат тајните на вселената од неговите недопрени длабочини.
Подводниот телескоп наречен „Бајкал ГВД“ е во изградба од 2015 година, а неговата крајна цел е да ги следи неутрините, најмалата од сите познати честички.
Експертите откриле дека единствениот неутрино има маса што е околу милион пати помала од масата на електронот.
Руските научници го спуштија телескопот на длабочина од 750 до 1.350 метри, околу четири километри од брегот на езерото.
Неутрините многу тешко се откриваат, а водата е ефикасен медиум за тоа.
Оптичките модули на телескопот ќе го проучуваат дното на езерото и ќе бараат неутрини, единствените честички што Земјината кора не ги запира.
Телескопот е дизајниран да открие интеракции помеѓу молекулите на водата во мразот и субатомските честички.
Руските научници велат дека Бајкалското Езеро, најголемото езеро со слатководни води во светот, е идеално место за истражување поради неговата длабочина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.