Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијајан, во средата потврди дека апликацијата за видео-споделување на компанијата БајтДенс – ТикТок „нема никаква врска со националната безбедност“, отфрлајќи ги тврдењата на Вашингтон дека апликацијата претставува „закана“ за Соединетите држави.

Некои во САД ја генерализираа националната безбедност и неразумно ја потиснаа не-американската фирма без докази, истакна Жао.

Минатата недела, претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на „ТикТок“ во земјата освен ако не го продава својот бизнис на американска компанија.

Компанијата БајтДенс, наводно, е предвидено да преземе правни активности оваа недела против американската влада за суспензијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.