Венецискиот суд изрече драконска парична казна од 78.000 евра за шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава бидејќи мостот што го дизајнирал преку Големиот канал не може да издржи голем број луѓе.

Во образложението на судската одлука стои дека Калатрава бил невнимателен во процесот на изградба, иако имал претходно искуство и дека ги дизајнирал мостовите во Далас и Калгари, и требало да има доволно информации за конструирањето, пренесе СиЕнЕн.

Мостот Ponte dela Constitucione е долг 90 метри, а е изграден во 2008 година, а името го добил по италијанскиот Устав.

Контроверзите околу мостот се последни во низата која ја погодува Венеција, која се соочува со последиците на „прекумерен туризам“. Во овој италијански град неодамна се воведени строги контроли на туристите, па така посетителите кои не преноќуваат во градот плаќаат надомест од 10 евра, а забранети се и куфери со тркалца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.