Јутјуб ја воведува долго очеукваната опција за сечење и споделување на краток дел од одредено видео. Според натписите во „Digital Trends“, оваа функција е овозможена само за одреден број креатори на содржини кои учествуваат во бета програмата.

Скратувањето на видео снимките, моментално е возможно само преку Андроид и компјутер, а самиот исечок може да трае од 5 до 60 секунди.

Кога ќе се одбере иконата со ножички, се појавува слајдер и потоа креаторите одбираат кој дел од видео снимката сакат да го исечат. На отсечениот дел може да му дадат име до 140 карактери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.