„Скај Драјв“ го имаше своето прво прикажување на 25 август на полигонот за тестирање на Тојота, едно од најголемите во Јапонија и дом на развојната база на автомобилската компанија. Ова беше прва јавна демонстрација на летачки автомобил во јапонската историја.

Автомобилот, наречен СД-03, екипиран со пилот, полета и кружеше околу полигонот околу четири минути.

Ние сме исклучително возбудени што го постигнавме првиот лет во Јапонија со летачки автомобил во последните две години откако го основавме „Скај Драјв“ … со цел за комерцијализација на ваквите авиони, изјави извршниот директор Томохиро Фукузава.

Идејата, додава тој, е да создадеме општество каде летачките автомобили ќе бидат достапни и пригодно средство за превоз на луѓето каде ќе доживеат безбеден и удобен начин на транспорт.

„СД-03“ е најмалото електрично возило со ветикално полетување и слетување во светот и зафаќа простор коклу два паркирани автомобили. Има осум мотори за да обезбеди „безбедност во итни ситуации“.

Сакавме ова возило да биде футуристичко, харизматично и посакувано од сите идни клиенти, притоа целосно инкорпорирајќи ја високата технологија на „Скај Драјв“, рече директорот за дизајн Такуми Јамамот.

Компанијата се надева дека летачкиот автомобил ќе го направи дел од секојдневниот живот. Најавија дека во иднина ќе прават повеќе тест летања под различни услови како би биле сигурни дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди.

Цената на ваков летечки автомобил не е објавена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.