Циркусите беа незамисливи без слонови, коњи, лавови и мајмуни, но има сè повеќе кои истакнуваат дека станува збор за злоупотреба на животни.
Германскиот циркус Ронкали одлучи да има слонови, лавови и други диви животни, но во холограмска форма.
Циркусот Ронкали постои од 1976 година, но се одлучија да се откажат од традицијата и да спречат страдање на какво било животно. Одлучија своите посетители да ги почестат со уште по магични сцени од класичните циркуси.
Нивните холограми се широки дури 32 метри и се протегаат во висина од пет метри, а посетителите каде и да седнат во гледалиштето, глетката е подеднакво магична.
Активистите често обвинуваат циркуси за злоупотреба, изгладнување и мачење животни кои морале да настапат пред толпа луѓе без да одмор. Затоа земји како Велика Британија размислуваат да забранат циркуси со див свет во нив од 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.