За десет години постоење, Инстаграм влезе во животот на милијарди луѓе и го смени начинот на исхрана, патување и консумирање услуги, нудејќи совршена слика за нашите животи, која сепак е различна од реалната.
На 6 октомври 2010 година, двајца Американци, Кевин Систром и Мајк Кригер, ја започнаа социјалната мрежа Инстаграм за споделување фотографии. Апликацијата нуди филтри за светлина, контраст и боја за да создадете совршена фотографија во даден момент.
Фејсбук ја купи апликацијата во 2012 година и оттогаш стана најпопуларна платформа во светот за објавување селфи.
Изложби, вечери, луѓе во јавен превоз или на одмор – секој агол стана позадина за правење селфи фотографии.
Влеговме во ерата на интернет реалност каде што поединецот постои само преку неговите објави на социјалните мрежи, рече психологот Мајкл Стора.
Апликацијата стана моќна алатка за луксузните брендови, особено модните, кои привлекуваат милиони корисници на Инстаграм.
Од минатата година може и да се купува на Инстаграм. Социјалната мрежа исто така лансираше голем број дигитални „инфлуенсери“ кои објавуваат содржина за своите верни следбеници на дневна основа.
Ми испраќаат производ и јас ја промовирам услугата. Брендовите веќе не мора да контактираат со рекламна агенција. Ние се грижиме за сè, изјави 36-годишната Полин Прив, моден инфлуенсер од 2009 година.
Инстаграм може да предизвика зависност, особено кај младите, предупредува психологот Стора.
Социјалната мрежа им дава на тинејџерите чувство на лажна реалност и создаваат притисок за совршенство што тие не можат да го постигнат, рече Стора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.