Компанијата „Хонда“ има сериозни планови да се откаже од производството и продажбата на автомобили со конвенционални мотори на внатрешно согорување и целосно преминување кон електрични автомобили во Европа до 2023 година, како дел од повеќенасочниот пристап за намалување на емисијата на штетни гасови.
Според претходните планови на компанијата, „Хонда“ требаше да се префрли на електрифицирани возила до 2025 година. Сепак, поинаквиот развој на ситуацијата во Европа ги натера да ги забрзаат плановите. Јапонците сериозно се подготвуваат за преоѓање на електрични автомобили, па така идните модели на „Хонда“ во Европа ќе бидат хибридни, а јапонскиот бренд најавува и уште еден електричен автомобил.
Потпретседателот на комопанијата, Јан Хауелс, верува и дека се уште има простор за разни други технологии.
Своја улога можат да играат и е-горивата, како и водородот, до некој степен и конвенционалните горива како и батериите – вели Хауелс.
Тој додава дека „Хонда“ сега ја поддржува електрификацијата, вкупниот трошок за електричните возила претставува една од причините поради која тој не ги гледа овие видови на возила како моментално решение за намалување на испуштањето на ЦО2.
Тие се од една третина до 50 проценти поскапи од конвенционалните или хибридните возила – смета тој.
Во јапонскиот бренд веруваат дека хибридната технологија претставува ефективен начин за транзиција од чистата моќ на внатрешно согорување кон целосно електричниот погон.
Истовремено, шефот на „Хонда“ е свесен за лимитот кој го имаат хибридните возила.
Тие не ни нудат целосна замена за електричните возила и токму затоа ние нив ги гледаме како транзиција или мост на технологии кои ќе не одведат до еден момент во кој технологијата зад батериите и инфраструктурата ќе бидат на место кое ќе не одведе напред за нудење на масивна персонална мобилност со нов тип на енергија – вели Хауелс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.