Корисниците на „Андроид“ уште еднаш беа предупредени на низа малициозни и штетни апликации што „Гугл“ ги забрани. Овојпат, забранети се 25 апликации за незаконска заработка.
Се работи за програми за „рударење“ криптовалути, со плаќање месечна претплата. Врз основа на анализа на „Локаут“, се проценува дека на овој начин програмерите криминално измамиле над 93.000 луѓе и украле најмалку 350.000 американски долари.
Вкупно 25 апликации се отстранети од официјалната продавница на „Гугл“ – „Плеј стор“ со предупредување дека над 100 слични апликации сѐ уште се достапни преку други платформи.
Станува збор за програмите: Top Coins, Mr Bitcoin, Star BTC, Bitcoin Burn, Moon BAT, Bito Holic, Bito Hash, BitHash, Multi Coins, BitcoinCash Miner, Airdrop, Bright Miner, Pink BTC, XMR Miner, COIN Master, ETHMINER PRO, crypto cloud mining pro, Btc Miner pro, Bito Miner, Mining Machine, BTC CLOUD, BTC Cash, Black Crypto, Cloud Mining и Crypto Pro-Miner.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.