Aмериканскиот технолошки гигант Гугл ќе ги блокира сите реклами поврзани со изборите по затворањето на гласачките места на претседателските избори во САД на 3 ноември, објави во петокот Аксиос.

Во и-меил испратен до огласувачите, Гугл вели дека рекламите кои се однесуваат на „кандидатите, изборите или резултатот“ нема да бидат дозволени, со оглед на тоа што невиден износ на гласови ќе се бројат по денот на изборите годинава.

На почетокот на овој месец, Фејсбук соопшти дека нема да објавува нови политички реклами една недела пред изборите, бидејќи гигантот на социјалните мрежи се обидува да „поттикне гласање“ и да стави крај на дезинформациите на својата платформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.