Социјалната мрежа „Фејсбук“ развива сопствена крипто-валута со која и корисниците на „ВатсАп“ ќе можат да извршуваат парични трансфери, пренесе Блумберг, цитирајќи информирани извори.
За разлика од другите крипто-валути, оваа на „Фејсбук“ ќе биде приврзана за американскиот долар за да ја минимизира својата нестабилност. Во почетокот, од новата дигитална валута ќе имаат корист и потрошувачите во Индија.
Апликацијата за размена на криптирани пораки, „ВатсАп“ ужива голема популарност во Индија, каде што се користи од повеќе од 200 милиони луѓе. Покрај тоа, земјата е светски лидер во парични трансфери – само во 2017 година, Индијците испратиле 69 милијарди долари во својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.