Откако слична опција воведе „Инстаграм“, од денеска и „Фејсбук“ почнува да ги прикрива „лајковите“ и реакциите на објавите на корисниците, како и бројот на прегледи на некое видео.

Со тестирањето на оваа новина, „Фејсбук“ почнува од Австралија, исто како што почна и „Инстаграм“.

Сè уште ќе можете да видите колку ви се допаднале и да реагирате на некои од вашите објави, но нема да можете да видите колку лајкови и реакции објавил некој друг, исто како што другите нема да можат да го видат во вашите постови.

Миа Гарлик од австралиската подружница на „Фејсбук“ изјави дека ја прават оваа промена откако истражувањата покажаа дека бројот на „лајкови“ и реакции доведе до социјални споредби.

Добивме навистина позитивни реакции од професионалци за ментално здравје и антибилинг групите. Сè што треба да направиме е да ги отстраниме броевите од оваа равенка и потоа луѓето да се фокусираат на квалитетот на содржината, а не на бројот на лајкови што ќе ги соберат, изјави Гарлик за „Гардијан“.

Засега не е познато колку ќе трае овој пробен период во Австралија и дали промената навистина ќе биде конечна и ќе се прошири на сите корисници на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.