Фејсбук денеска соопшти дека ќе им овозможи на своите вработени, кои имаат можност да работат од дома, тоа да го прават до крајот на годината.
Како што пренесуваат странските агенции, одлуката е донесена во време кога пандемијата на коронавирус ги принудува владите да продолжат со мерките за седење дома за да го контролираат ширењето на болеста.
Компанијата очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јули, изјави нејзиниот портпарол.
Вирусот, кој досега зарази повеќе од 3,8 милиони луѓе ширум светот, наложи воведување сериозни блокади во повеќето земји и го смени начинот на функционирање, а работењето од дома сега се појавува како нова норма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.