Фејсбук во средата објави дека овозможува комуникација преку своите апликации Инстаграм и Месинџер.
Раководителот на Инстаграм, Адам Мосери и раководителот на Месенџер, Стен Чудновски, во објавата на блогот изјавија дека корисниците на Инстаграм веќе можат да ја ажурираат апликацијата за активирање на новото „искуство со пораки“.
Во нашето истражување, четири од пет лица кои користат апликации за пораки во САД велат дека трошењето на повеќе време за поврзување со пријателите и семејството на овие апликации им е важно, но сепак, на едно од три лица понекогаш им е тешко да се сетат каде да најдат одредена нишка за разговор, стои во образложението на компанијата за одлуката за поврзување на двете апликации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.