На најголемите светски компании, Фејсбук со години им дозволувал пристап до податоците на корисниците , па дури и содржините во инбокс.
Според Њујорк Тајмс , имало можност не само да се читаат пораките на корисниците на оваа социјална мрежа , туку и без нивно знаење да се праќаат пораки кон други корисници.
На стотици страници на документот , со кој располага американскиот весник , Фејсбук имал посебни договори со одредени компании за пристап до податоците на корисниците.
Фејсбук располага со лични податоци на околу 2,2 милијарди луѓе , а како што тврдат од Њујорк Тајмс тоа е вистинско богатство , со кое тргуваат хакерите низ целиот свет.
Од компанијата нема официјален став , но затоа весникот стапил во контакт со 50 поранешни вработени , кои потврдиле дека имало специјални договори склученио со големи компании , кои за свои потреби ги користеле податоците на оваа најголема социјална мрежа на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.