Извршниот директор на Ејпл, Тим Кук, за време на виртуелниот настан во вторникот објави дека компанијата ќе ги објави своите најнови оперативни системи утре.

Кук истакна дека „iOS 14“ за Ајфон ќе биде достапен од среда, како и „iPadOS 14“, „tvOS 14“ и „watchOS 7“. Тој додаде дека „iOS 14“ ќе вклучува „App Library“ што ќе им овозможи на корисниците подобро да ги организираат своите апликации.

Технолошкиот гигант исто така истакна дека сите негови нови уреди претставени на настанот, вклучително и „Apple Watch Series 6“ и „iPad 8“, ќе доаѓаат со новите оперативни системи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.