„Месинџер“ конечно ја добива корисната функција на цитирање на пораки во групни разговори. Со ова се олеснува одговарањето на пораките и следењето на разговорот, особено кога станува збор за поголеми групи.

Ваква опција веќе има на „Вајбер“ и на „Вацап“.

За да одговорите на одредена порака, потребно е подолго да се задржите на неа и од менито што ќе ви се појави да ја одберете стрелката која се појавува по останатите веќе познати реакции. И тоа е сè. Потоа можете да го напишете својот одговор токму на таа порака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.