Во време на компјутерски игри, социјални мрежи и масовна дигитализација, сѐ повеќе генерации деца растат без да научат да користат класичен аналоген часовник. Токму поради тоа, во училиштата во Велика Британија ќе бидат отстранети аналогните часовници.

Наставниот кадар во британските училници веќе одамна укажува дека децата не знаат да кажат колку е часот со гледање аналоген часовник и дека на големо се поставуваат дигитални часовници во училиштата.

Денешните генерации не се навикнати и научени да користат класични часовници како старата генерација. Навикнати се да го гледаат светот на дигитален начин, времето го гледаат на телефони и на компјутери. Речиси сѐ што поседуваат и што користат е дигитално и на тоа се изложени секаде и во секое време, вели Малколм Троуб од Здружението на просветни работници во Велика Британија.

Од училиштата велат дека сакаат да им овозможат опуштена атмосфера на децата за учење и дека традиционалните часовници само им создавале стрес на учениците, па затоа ги тргнале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.