Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат.

Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред жителите на Шпанија со 69, на Шведска и Ирска по 68 и на Кипар 66 проценти. Од друга страна, телевизори поврзани на интерент најмалку користеле Бугарите и тоа 30 отсто, пред Хрватите со 35, Полјаците со 38, Грците со 39 и Романците со 40 проценти.

Во исто време, 26 отсто од лицата во ЕУ на возраст од 16 до 74 години употребувале паметни часовници, очила или слушалки или други додатоци поврзани на интернет, што претставува раст за девет процентни поени во споредба со 2020 година, кога вакви уреди користеле 17 проценти од Европејците.

Конзоли за игри поврзани на Интернет користеле 20 отсто од граѓаните на возраст од 16 до 74 години, 13 проценти паметни звучници или апликации, а 10 отсто употребувале термостати, помошни броила или светилки поврзани на интернет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.