Компанијата „Џенерал моторс“ повлече од пазарот 68.687 електро автомобили „Шевролет Болт“ (Chevrolet Bolt), поради тоа што се случија неколку инциденти на пожар на батериите.
како што пишува весникот „Детроит њуз“, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД.
Како резултат на овие инциденти, повредени се две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, поради што од компанијата испратија препорака до сопствениците на автомобилите да ги полнат батериите до 90 проценти
„Џенерал моторс“ соопшти дека работи на одредување на причината на пожарот во батериите.
Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да почнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом – се вели во соопштението на НХТСА.
Со оглед на тоа, регулаторот препорачува соптвениците на „Шевролет Болт“ да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.