Германскиот произведувач објави фотографии и технички детали за моделите „E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ кои се наоѓаат на врвот на понудата на неговите електрични автомобили.
Верзиите со високи перформански на Ауди „E-Tron“ и „E-Tron Sportback“ за погон користат дури три електромотори – два на задната и еден на предната осовина.
Резултатот се два моментално најмоќни електрични модели на Ауди, чии погонски системи произведуваат дури и до 503 коњски сили кои се достапни во пократок временски интервал (од осум секунди), кога е активен „S“ модот.
Тогаш автомобилите забрзуваат од 0-100км/ч за 4,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 210 км/ч. Во стандардниот режим на возење, „E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ располагаат со 435 коњски сили.
„E-Tron S“ со полна батерија може да помине најмногу 364 километри, а „E-Tron S Sportback“ до 370 километри.
Двата модели се компатибилни за брз полнач со капацитет од до 150 kW, а од Ауди тврдат дека батеријата може да се дополни од 5 до 80% за околу половина час.
Ауди , „E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ во продажните салони низ Европа ќе пристигнат на есен.
, „E-Tron S“ во Германија чини од 91,435 евра, а купе верзијата „E-Tron S Sportback“ од 93,628 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.