По повод смртта Ратка Димитрова, пратеничка од првиот парламентарен состав, претседателот на Собраниет на Република Македонија, Талат Џафери, изрази сочуство до семејство Димитров. Сочуство Џафери упати и во името на актуелните пратеници.
Личност со непоколеблив карактер, јасна визија и волја за преземање на чекори кои секогаш биле во согласност со нејзиното верување и убедување. Изразувам сочувство за загубата на блискиот член на Вашето ценето семејство, загубата е огромна, ненадоместлива и болна. Меѓутоа, тоа е природен тек на нештата и животот и наша единствена опција е да ја прифатиме оваа реалност која колку и да е горка, сепак е надвор од нашата моќ. Кревки и немоќни пред тагата, останува да бидете силни, искрени и неуморни во чувањето на споменот, на заедничките убави моменти кои сте ги споделувале и секако доследни на советите кои може да ги даде само личност која во животот проживеала многу, имала плоден политички ангажман и дала несебичен придонес во развојот на општеството и држава, пишува Џафери.
Воедно, тој изрази сочувство и до пријателите, блиските соработници, познаници и почитувачи на нејзиното дело, меѓутоа и до граѓаните на Република Македонија, за згаснувањето на животот на поранешната пратеничка и вреден член на нашето општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.