Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има нов претседател. Првпат по 73 години од постоењето на Сојузот за претседател е избрана жена.

-На изборната седница на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 29 март 2019 година за нов претседател на СЗПМ и воедно претседател на Извршниот одбор на Сојузот е избрана Станка Трајкова досегашен секретар на Извршниот одбор на Сојузот истакнат активист и стручњак со големо познавање на пензионерската проблематика, дипломиран правник и коавтор и автор на коментари на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и учесник во пензиските реформи. Трајкова е и носител и автор на повеќе проекти поврзани со пензионерската популација во СЗПМ, информираат од Сојузот.

За претседател на Собранието на Сојузот беше избран Илија Адамоски, докажан активист и член на повеќе органи и тела во СЗПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.