Утрово во 4 часот и 39 минути подрачјето на Прилеп го погоди земјотрес со магнитуда од 2,3 степени според Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 04часот и 39 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓал на 65 km јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп.

Магнитудата на земјотресот била 2,3 степени според Рихтер.

Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.