Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерта на 17 октомври во 22 часот и 13 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 147 km западно од Скопје.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4,8 а беше почувствуван од населението, особено во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.