Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 19.05.2021 година, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Според податоци од Сеизмолошка, земјотресот е регистриран во 01 часот и 20 минути со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци овој земјотрес е почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.