Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на пристанишниот град Драч и Лач. Со послаб интензитет е почувствуван и во западниот дел на Македонија.

Епицентарот на земјотресот беше во местото Шетај на брегот на Јадранско Море, на 28 километри северно од Драч и 20 километри југозападно од Лач, на длабочина од два клометра.

Ова подрачје е сеизмичко и беше најпогодено од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени на 26 ноември 2019 година, при што загинаа 51 лице, над илјада беа повредени, илјадници луѓе останаа без своие домови, а предзвиканата штета беше процената на повеќе од 1,2 милјарди евра.

На 20 овој месец беше регистрран земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во Подградец на 145 километри југозападно од Скопје, а беше почувствуван во југозападните делови на нашата држава со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, а вчера со епцентар во Корча со интензитет од 3,1 степен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.