Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура е во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени Целзиусов.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени Целзиусови.

Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.