Cогласно одлуката на Владата, ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.
Аеродромскиот оператор, за оваа одлука ги известил сите авиокомпании кои летаат од и до аеродромот Св. Апостол Павле и им е понуден Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.
Сите патници треба да ги контактираат нивните авиокомпании, во врска со летовите кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:
Виена – 7 часот и 50 минути -Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.