Поради работа на водоводната инсталација, дел од најстрогиот центар на градот утре ќе остане без вода, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

На ден 07.07.2021 поради промена на шибер Ф 80 мм на ул.Филип 2 Македонски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Филип 2 Македонски од потегот од 11 Октомври до Холидеј ИН, дел од Мирче Мацан, Светозар Марковиќ (Соравија, дел од ГТЦ, Сојуз на Синдикати, дел од Градска Болница, ресторант Национал и сите пропратни објекти од улиците) од 09:00 часот до завршување – се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.