МВР ги известува граѓаните дека од 5 часот на 5 јануари до 24.00 на 6-ти, според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.