На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2020 година почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до15.03.2021година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.