На патниот правец Маврово-Дебар има забрана за тешки товарни возила, додека на патот Тетово – Попова Шапка, освен за камиони, забраната важи и за автобуси. За останатите возила е задолжителна зимска опрема.

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека укинати се забраните за камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека и патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.